Во Битола полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода М. Б.(27) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа од МВР, била пронајдена и одземена марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пари во различни апоени.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2022 09:45