ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека поради уличен дефект на ф-80 милиметир на улица „Христо Татарчев“ број 47, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од оваа улица во населбата Кисела Вода, на потегот од „Гет Кафе“ до последна автобуска станица на 24-ка.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 10:15 часот, па до завршување со санација на дефектот.