На 27.09.2022 во 18.30 часот на подрачје на Центар – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.М.(25) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 11.09.2022 влегол во стан на ул.„Самоилова“ во Скопје, сопственост на Д.Ц.(71) и одзел разни предмети.

Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2022 11:08