Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 22 часот го лишиле од слобода Е.Б.(33) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дробилка и дигитална вага, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2022 12:21