Денеска во 11.50 часот на кејот на Вардар, во населба Момин Поток во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.С.(76) од Скопје.

Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 247 и член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2022 13:26