Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Б.(54) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување".
Пријавениот, во текот на 2021 на неговата трансакциска сметка примил 9.714.945 денари, но не пријавил и платил данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот остварен доход. Односно Ф.Б. не поднел задолжителна годишна даночна пријава до УЈП и не платил данок на личен доход од 971.494 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.