Полициски службеници од Струмица вчера го привеле Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со амфетамин, соопшти МВР.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.