Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ известуваат дека и годинава ќе овозможат бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“.

Како што информираат од ЈСП, право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани во период од 18 часот во сабота до 05 часот во недела.

При тоа, потсетуваат дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП (www.jsp.com.mk).



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2022 02:02