Бујаре Абази, заменик-градоначалничката на Град Скопједенеска си поднесе оставка од функцијата. Градоначалничката Данела Арсовска ја назначи Абази да биде нејзина заменичка непосредно по стапување на функција, како дел од коалициониот договор со Алијанса за Албанците.
Абази вели дека си поднесува оставка бидејќи не сака да биде во коалиција со ДУИ односно тоа е спротивно на вредностите кои ги промовира таа и нејзината партија.
Со реакција се јавија и од Град Скопје.
„Бујаре Абази не беше партиско решение и на функцијата заменик беше назначена како личност која треба да ги застапува интересите на граѓаните.
Искрено жалиме што Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на градот и скопјани, но тоа е нејзина одлука.
Департизацијата во институциите мора да биде постулат врз кој ќе се градат професионални јавни институции, а секој кој партиските интереси ги става над јавниот интерес, јасно е дека не може да функционира во насока на соодветно застапување на скопјани“, се вели во соопштението од Град Скопје.