На автопатот А1, кај клучката Демир Капија, утрово во 00:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово во патничко возило „форд транзит“ пронашле 14 мигранти од Сирија.
Полицијата дала знак за запирање на патничко возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, кои биле украдени, но возилото не застанало.
– Набргу, возилото било сопрено, а возачот го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка, соопштија денеска од МВР.
Увид извршила екипа од Полициската станица Неготино, а за настанот бил известен јавен обвинител.