Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница, вечерва ќе биде промовиран стрип албумот „Ægri Somnia“ на докажаните и едни од најактивните стрип автори во државата Дарко Богданов (цртеж) и Александар Стеванов (сценарио).
Станува збор за антологиско збирно издание составено од кратки стрипови, со кое се заокружува досегашната соработка на авторите која е започната во 2012 година, и претставува нивни прв заеднички стрип албум, иако и двајцата автори досега веќе имаат реализирано поголем број стрип публикации.
Насловот на изданието кое во превод значи „сон на болниот човек“, алката која ги поврзува стриповите во албумот е преклопувањето на две димензии.
– Во овие седум кратки приказни се поместуваат границите помеѓу реалноста и сонот, свесното и несвесното, сето тоа претставено на еден по малку надреалистички и симболичен начин, создавајќи една целина, изјави Дарко Богданов.
Стрип албумот е самостојно издание на авторите и е финансиски поддржан од Министерството за култура како дел од Годишната програма од национален интерес за 2020 година