Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид вчера го привеле охриѓанецот С.П.(41).

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа од МВР, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, ќеса со кафеава грутчеста материја и повеќе таблетки.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2022 16:21