Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека в недела во периодот од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.
Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б. Во периодот од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.
Со променета траса ќе бидат линиите: од градските: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В, додека од приградските линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71 и 81.
Од ЈСП ги потсетуваат сите учесници на маратонот, дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).
ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ
Линија 3
– од Спортска сала „Јане Сандански“ до Југодрво по редовна траса, продолжува по улица „Кирил и Методиј“, лево булевар „Мајка Тереза“ до Панорама
– во обратна насока, од Панорама, улица „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, булевар „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево евардо Спортска сала „Јане Сандански“
Линија 3Б
– од Кванташки пазар до Jугодрво по редовната траса, потоа продолжува по улица „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по булевар „Мајка Тереза“ до Панорама
– вo oбратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, булевар „КочоРацин“ (Jугодрво) и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево по булевар „АСНОМ“, лево по булевар „Киро Глигоров“ и продолжува по редовната траса
Линија 5
– од Дексион, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Крсте Мисирков“ (МАНУ), булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево, булевар „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)
– од Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, па десно по булевар „Крсте Мисирков“, лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ до Дексион (терминал)
Линија 7
– од Горно Лисиче (Хемтекс), булевар „12 Македонска бригада“, десно по булевар „Србија“, лево по булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, десно по булевар „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ до Карпош 3 (терминал)
– од Карпош 3, по редовна траса до Соборен храм, лево по булевар „ВМРО“, десно по булевар „Гоце Делчев“, десно по булевар „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по булевар „АСНОМ“, десно по булевар „Србија“, лево по булевар „12 Македонска бригада“ и по редовната траса до крајна станица
Линија 9
– од Скопје Север по својата редовна траса – во обратна насока од Клинички центар, улица „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, булевар „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса
Линии 15 и 15А
– од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, па десно по булевар „Крсте Мисирков“(МАНУ), лево по булевар „Гоце Делчев“ и продолжува по редовна траса
– од Карпош 4 до Соборен храм по редовна траса, па по булевар „Гоце Делчев“, десно по булевар „Крсте Мисирков“ (МАНУ), булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по булевар „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)
Линија 16
– од Пржино, бул. „Кочо Рацин“, бул. „Крсте Мисирков“, Бит пазар и продолжува по редовна траса
– во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по булевар „Крсте Мисирков“, булевар „Кочо Рацин“ и продолжува по редовна траса до крајна станица
Линии 21 и 22
– од Транспортен центар, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Крсте Мисирков“ (МАНУ), булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса
– во обратна насока по истата изменета траса
Линија 23
– од Ченто по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по улица „Кирил и Методиј“, на постојката спроти Рамстор
– во обратна насока од постојката пред Рамстор, лево по булевар „Мајка Тереза“, лево по улица „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата траса до Мајчин Дом, лево по булевар „АСНОМ“, лево по булевар „Киро Глигоров“ и продолжува по својата редовна траса
Линија 25
– од Транспортен центар до Југодрво по редовна траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по булевар „Мајка Тереза“ и продолжува по редовната траса
– во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по улица „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, булевар „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса
Линија 25А
– од почетна постојка пред „Автомакедонија“ до Средно Водно по редовна траса
– во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по улица „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, лево кон терминал „Автомакедонија“
Линија 27
– од улица „Вардарска“ по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по улица „Кирил и Методиј“ до постојката спроти „Рамстор“
– во обратна насока од постојка пред „Рамстор“, лево по булевар „Мајка Тереза“, лево по улица „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата редовна траса до Мајчин дом, лево по булевар „АСНОМ“, десно по булевар „Србија“ и до крајна постојка по редовната траса
Линија 28
– од Македонско село, село Горно Нерези до Козле терминал 57
– во обратна насока по истата изменета траса
Линии 41, 31, 51, 67 и 70
– од почетен терминал по редовна траса по булевар „Борис Трајковски“, десно по булевар „Србија“, лево по булевар „Јане Сандански“ до Транспортен центар
– во обратна насока од Транспортен центар десно по булевар „Јане Сандански“, кај Мајчин дом, лево по булевар „АСНОМ“, десно по булевар „Србија“, лево по булевар „Борис Трајковски“ до крајна станица по редовната траса
Линии 50 и 50А
– од Хиподром и Маџари по редовната траса до Бит пазар, потоа продолжува до Југодрво, улица „Кирил и Методиј“, лево булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар
– во обратен правец од Клинички центар, улица „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, булевар „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит пазар и продолжува по редовната траса
Линија 57
– од Козле по редовна траса до крстосница со булевар „Мајка Тереза“, право по улица „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит пазар и продолжува по редовната траса
– од Радишани до Бит пазар по редовна траса, потоа продолжува до Југодрво, улица „Кирил и Методиј“, лево булевар „Мајка Тереза“, десно по улица „Васил Ѓоргов“ и продолжува по редовна траса
Линија 59
– од Карпош 3 по редовна траса до Соборен храм, лево по булевар „ВМРО“, булевар „Гоце Делчев“, лево кај Бит пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица
– во обратна насока по истата изменета траса
Линија 59А
– од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, десно по булевар „Крсте Мисирков“ кон Бит пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица
– во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по булевар „Крсте Мисирков“, лево по булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по булевар „АСНОМ“ до Ново Лисиче (терминал)
Линии 58, 58а и 58б
– од почетни станици во Добри дол, Света Петка и Брзовец по редовна траса до семафорот со улица „Борис Трајковски“, потоа десно кај Општина Кисела Вода по булевар „Борис Трајковски“ и продолжува по својата редовна траса