Згрозени сме од насилниот однос и примитивизмот на Александар Стојкоски,в.д. директор на ЈСП Скопје, кадар на Данела Арсовска, кој во недостаток на аргументи се заканува со физичка пресметка.

Агресивниот однос и насилието се недолични за директор, функционер, кој е платен со парите на скопјани за да работи во нивен интерес и од тука има обврска за отчетност пред советниците.

Насилието и примитивизмот немаат место во модерно Скопје, и тие треба да бидат санкционирани.

Бараме извинување од директорот на ЈСП Скопје, како и негова неотповиклива оставка. Доколку директорот нема доблест да си поднесе оставка бараме градоначалничката Арсовска да го разреши директорот, кој е нејзин избор, а кадар на партијата СДС.

Лица како директорот на ЈСП Скопје, Стојкоски, кои работат за себе, наместо за скопјани и кои не сакаат да бидат отчетни пред советниците и пред граѓаните не треба да бидат носители на јавни функции платени со наши пари.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2022 04:18