Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево вчера во 17:30 часот на подрачјето на Аеродром ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат.

Претставници на Центарот за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците, а исто така, и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2022 05:56