Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера во 20.40 часот на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје ја лишиле од слобода Џ.И.(21) од Скопје. Таа се сомничи дека истиот ден, заедно со уште едно лице, со употреба на погоден предмет влегле во куќа во населбата Маџир Маало и одзеле разни предмети, меѓу кои и гасен пиштол и куршуми.
Со неа бил извршен службен разговор, при што го признала делото. Кај неа биле пронајдени и одземени предметите поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.