Вчера во 20:00 часот во село Мусинци, општина Могила, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода е Ѓ. Р. (30) од с.Мусинци.

Тој, во дворот на неговата куќа агресивно се однесувал и попречувал судски извршител и полициски службеници при преземање на службени дејствија, а со остар предмет се обидел да го нападне извршителот и оштетеното лице, по што побегнал.

По преземени мерки бил пронајден и лишен од слобода. Ѓ. Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2022 05:57