Вчера во 22:00 часот во Полициската станица Аеродром, 74-годишен скопјанец пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице за сума од 3.500 евра.

Според пријавеното, лицето им се јавило околу 09:15 часот и ги известило дека нивниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сакаат да се спаси од затвор ќе треба да му дадат пари.

Како што е пријавено, тие се договориле и му ги дале парите, но подоцна сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2022 05:57