Вчера во 20:30 часот во Полициската станица Аеродром, 84-годишна скопјанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 60.000 денари и 1.700 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило околу 17:30 часот и ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сака да ја спаси од затвор ќе треба да му даде пари. Како што е пријавено, тие се договориле, по што му ги дала парите, а откако ќерка ѝ дошла дома таа сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2022 05:57