Во пабот „Beertija“ во Скопје вечерва почнува четврто издание на фестивалот „Андерфест“, на кој ќе настапат Димиш, Манас, Вселенаутика, Преку Ред и Јон Иди.

– „Андерфест“ фестивалот се одржува четврта година и веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари, соопштија организаторите.

Подржувач на проектот е Градот Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2022 09:56