Штипскиот Градски хор се подготвува за петтиот меѓународен хорски фестивал ,,Астибо фест” во Штип, што ќе започне на 13 октомври во 19:30 часот пред Дом на култура „Ацо Шопов“, со подигање на знамињата на фестивалот и фанфари.

Марина Шуманска, член на Градскиот хор, на прес-конференција истакна Фестивалот потоа продолжува со преставување на хорови од државата и странство во големата сала на Домот на култура.

– Годинава повторно ќе се одржи „Астибо фест“, по петти пат, во просториите на Дом на култура, а учесници ќе бидат хорови од повеќе земји, вели Шуманска.

Сите три вечери ќе се претстават по три хора, а гости ќе има од Бугарија, Србија и Турција.

„Астибо фест“ е поддржан од Министерството за култура, во соработка со Центарот за култура ,,Ацо Шопов” – Штип.

Директорот на ЦК ,,Ацо Шопов”, Горан Трајков очекува голема посетеност од граѓаните, бидејќи има што да се понуди и во што да уживаат.

– Чест ни е на заедничката соработка со Градски хор Штип да ја продолжиме и оваа година. Инаку традиционално се одржува интернационалниот хорски фестивал „Астибо фест”. Министерството за култура издвои 300 илјади денари за поддршка на овој фестивал, изјави Трајков.

За учесниците на фестивалот ќе следуваат соодветни награди.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2022 10:24