Полициски службеници од Единицата интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 23:10 часот на подрачјето на Кисела Вода го лишија од слобода Е.А.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана и прашкаста материја.
Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.