По успехот на серијата „Дамер“, Нетфликс претстави уште една криминалистичка серија заснована на вистинита приказна. На 13 октомври, на стрим-платформата ќе се прикажува „Набљудувач“ (The Watcher) – приказна за семејството Броудус, кое добивало морничави писма на адресата на ново купената куќа во Њу Џерси (САД).

Испраќачот до ден денес не е пронајден, а во меѓувреме се појавија разни теории за можните виновници. Таа приказна стана позната во 2018 година, а сега ја сними Рајан Марфи, креаторот на популарната серија „Американска хорор-приказна“. Главните улоги ги толкуваат Мија Фароу, Наоми Вотс, Боби Канавејл и Џенифер Кулиџ.

Инску, Марија и Дерек Броудус купиле куќа за 1,3 милиони долари за куќа во Њу Џерси и веднаш со работа за што побрзо да се вселат во неа со своите три деца. Меѓутоа, штом почнала работата, Дерек забележал писмо во поштенското сандаче…

„Најдраги нови соседи на булевар 657, сакам да ви посакам добредојде во населбата. Моето семејство го гледа Булеварот 675 со десетлетија и сега, како што се наближува 110-тиот роденден, на ред сум јас да гледам и да го чекам ‘второто доаѓање’. Дедо ми ја гледаше куќата во 1920-тите, татко ми во 60-тите. Сега е моето време“, се вели во заплашувачкото писмо.

Писмото немало адреса на испраќачот, потпишано е само со „Набљудувачот“.

Дури четири години по првото писмо, во 2018 година, Дерек одлучил да излезе во јавноста со морничавата приказна која донекаде им ги уништила животите.

– Бев депресивен – тоа е како рак. Понекогаш се будам среде ноќ и размислувам за тоа каков би бил мојот живот доколку ова не се случеше, раскажува тој.

Семејството во меѓувреме успеало да ја продаде куќата, за помалку пари отколку што платиле кога ја купиле, а се обиделе и да ги тужат претходните сопственици затоа што не ги предупредиле за непријатностите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2022 09:54