Вчера во 16.00 часот, на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле 53-годишниот Р.Д. од гостиварска Долна Бањица.
За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна. Р.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.