Во Тетовско вкупно се изречени 120 мерки (ТЕ-88 и ГВ-32) вчера од 07.00 до 12.00 часот во спроведената акциска контрола за брзина со која се движат возилата.

– Деведесет и три од мерките (ТЕ-70 и ГВ-23) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место, при што девет возачи-прекршители пречекориле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-7 и ГВ-2), соопштија од МВР.

Покрај ова, санкционирани се и 27 возачи (ТЕ-18 и ГВ-9) кои ја пречекориле брзината во населено место, а констатирани и со соодветни поднесоци биле заокружени и 2 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-1).



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 11:19