Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека 29 апликанти ќе ја искористат мерката за финансиска поддршка за набавка на опрема за производство на тутун која изнесува 4.500.000 денари по корисник.

За мерката беше распишан јавен повик во април. Повикот траеше до 20 мај 2022 година, а корисници се регистрирани земјоделски стопанства согласно Законот за земјоделство и рурален развој.

Поддршката се реализира преку Програмата за рурален развој, мерка 121: Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерката 121.7: Набавка на опрема за производство на тутун.

-Преку Програмата за рурален развој даваме поддршка на земјоделците за набавка на опрема и модернизација на земјоделството. Покрај овој јавен повик, преку оваа Програма обезбедивме поддршка за земјоделците за набавка на трактори, мандри, специјализирани комбајни за ориз и сушари, како и поддршка за изградба на силоси и веќе склучивме 24 договори, наведува МЗШВ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 11:29