Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 05.40 часот во скопското село Студеничани, ги лишија од слобода се Ј.С.(37) од Скопје и Е.М.(33) од Р.Косово, постапувајќи по пријава од М.А., според која тие од неговата куќа на место викано „Кочинар“ во скопско Морани, одзеле разни предмети.

Украдените предметите, информираа од МВР, се пронајдени во патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале пријавените, и се вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 11:38