Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка синоќа лишиле од слобода жител на Општина Крива Паланка поради спречување на полициски службеник во вршење службени дејствија.

Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово, Ивана Младеновска, на 3 октомври 2022, во 22 часот и 20 минути, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода четириесет и седум годишниот И.С. од Крива Паланка, поради тоа што на главната улица “св.Јоаким Осоговски“ спречувал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Против лицето ќе биде спроведена соодветна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 13:55