Во соработка со општествено одговорни компании, Општина Илинден и ЈКП „Илинден“, со цел грижа и активен однос кон својата заедница, отворено е ново катче на ул. „6 “во населба Илинден. Во рамки на игралиштето е поставена заштитна ограда, детски реквизити, нишалки и лизгалки, игралиштето е поплочено и се поставени клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски им се заблагодари на компаниите за поддршката и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи искрената соработка.

-Илинден доби ново место за игра и забава за најмладите, за безгрижно детство, иницираме можност за различни активнoсти и здрав развој, а на најмладите ќе им овозможиме дружба и поубаво воспитување во новото катче, истакна градоначалникот Георгиевски.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 14:12