Фестивалот на староградска музика на албански јазик „Теута“ по 11-ти пат ќе се одржи во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок” во Тетово во сабота 8 октомври.

Фестивалот е дел од годишната програма на установата.

-Фестивалот „Теута“ е ексклузивен проект кој веќе има традиционален карактер со учествуво на музички виртуози од повеќе предели каде живеат Албанци. Оваа година учествуваат Ансамблот на песни и ора „Кастриотет“ од Урошевац, Косово, оркестарот на Центарот за култура од Гостивар. Ансамблот „Исуф Мизири“ од Елбасан, Албанија, хорот „Неџмије Пагаруша“ од Приштина, Косово и женската група „Теута“ од Тетово, информираат од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово.

Во сабота почетокот на фестивалот е предвиден за во 19:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 15:18