Полицијата утрово спороведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава во која се санкционирани 76 возачи, од кои еден за вршење јавен превоз без лиценца.

Како што информира МВР, исклучени од сообраќај се 12 возила кои вршеле јавен превоз на патници, од кои пет на територија на СВР Охрид, пет на територија на СВР Велес, и по едно возило на територија на СВР Куманово и СВР Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 15:29