На подрачјето на СВР Штип, денеска во времето од 07:00 до 11:00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат товарни возила. За време на контролата 21 возило биле упатени во станица за вонреден технички преглед.

-Притоа биле констатирани четири прекршоци во однос на возила, од кои три за техничка неисправност и едно за неносење сообраќајна дозвола. Преземени се четири мерки за констатирани прекршоци кај возачи, од кои три за бесправно управување и една на возач почетник, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2022 15:35