Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски организираше прием за децата од ООУ „Мирче Ацев’ по повод Детската недела.

Децата се наша иднина и ќе направиме се за нивната среќа. Првата седмица од месецот октомври е посветена на нашите најмили, децата за кои постоиме да има овозможиме среќно и безгрижно детство истакна градоначалникот Александар Стојкоски на денешната непосредна средба со ученици од ООУ „Мирле Ацев.

„Детската недела“ ги промовира правата на децата кои треба да ги уживаат во нивниот раст , како и потребната заштита која треба да им биде обезбедена од страна на институциите за овозможување среќно и безгрижно детство.

„Среќен сум што денес моите работни простории се исполнети со многу радост, со многу насмевки на лицата и безгрижен детски џагор“ на учениците од 4 одделение од ООУ „Мирче Ацев’ кои беа почетокот од мојот работен ден“ .

Низ пријатна атмосфера и љубопитност во нивните очиња децата се интересираа за моите работните обврски, за детските игралишта, и други интересни прашања. Децата имаат права и обврски, кои ни ги преставија низ неколку прекрасни интерпретации и песни кои ги подготвија со нивните учители.

„За едни вакви поинакви средби сум секогаш подготвен а тие ми се најдраги. Им посакувам успешни училишни и безгрижни детски денови. Денес, како градоначалник на општината Ѓорче Петров, но и како родител сакам да упатам порака до вас. Времето поминувајте го во дружба, спортување и учење. Почитувајте ги најблиските, сакајте го семејството. За вашите родители да бидат горди на вас, не треба многу да сторите. Треба да бидете добар пример за среќно детство.

И во иднина, ќе вложуваме во нив, но и во нивното секојдневие, зошто тие се наше најголемо богатство.“ , истакна првиот човек на општината Ѓорче Петров , Александар Стојкоски.

По повод Детската недела градоначалникот Стојкоски ќе ги посети и дечињата од ООУ Ѓорче Петров .



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 04:48