Министерот за одбрана на Црна Гора, Рашко Коњевиќ денеска изјави дека постојат индиции дека во „медиумските перформанси“ за уништување на цигарите, организирани од премиерот Дритан Абазовиќ и директорот на Управата за приходи и царина Раде Милошевиќ, десет отсто се навистина запалени, а 90 проценти биле шверцувани.

Милошевиќ пред два дена даваше изјава во полиција за исчезнувањето на дел од запленетите цигари кои требаа да бидат уништени.

Коњевиќ, кој денеска е сменет од функцијата координатор на безбедносните служби, истакна дека е незамисливо Милошевиќ да не знаел ништо. Тој исто така бара Специјалното државно обвинителство и други институции да проверат и утврдат дали Милошевиќ е политички покровител на шверцот на цигари или би „било пологично“ тоа да е Абазовиќ.

Црногорскиот премиер неколку пати го обвини Коњевиќ дека тој е покровител на шверцот на цигари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 05:23