Шпанскиот фудбалски стратег Рафаел Бенитез би можел да го преземе англискиот прволигаш Нотингем Форест, објавија британските медиуми.

Бенитез на клупата на Форест би седнал на местото на Стив Купер, кој се наоѓа пред отказ поради слабите резултати на повратникот во премиерлигашкото друштво.

Нотингем Форест е последен на табелата во Премиер лигата со само четири бодови.

Британските медиуми наведуваат дека само прашање на денови е кога Купер ќе биде разрешен од должноста, а негов наследник треба да биде 62-годишниот Бенитез.

Шпанецот има искуство во Премиер лигата како поранешен тренер на Евертон, Њукасл, Челзи и Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 06:20