Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на населното место Кирил Петрушевски, каде беше пуштено во употреба новото спортско игралиште изградено на тартан подлога.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Жителите на населеното место Кирил Петрушевски добија спортски терен на најсовремена тартан подлога, нови детски реквизити и урбана опрема.

Денес бев во посета на населеното место Кирил Петрушевски каде го пуштивме во употреба новиот спортски терен на тартан подлога, како и реконструираното детско катче и уредениот простор со урбана опрема.

Жителите на Кирил Петрушевски добија уреден простор за спорт и рекреација.

Продолжува реализацијата на проекти во населените места низ општината. Гази Баба добива лик на модерна и урбана општина! - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2022 13:45