Само Русија, Украина и Белорусија имаат помала стапка на раст на своите економии оваа година. Извештајот на Светска банка покажува дека македонската економија годинава ќе порасне за само 2,1% што е најниско ниво во Европа.

-Во актуелната ситуација, засилената политичка несигурност и закочениот парламент , по резултатите од локалните избори и отстранување на пречките за отворање на пристапните преговори со ЕУ, во услови на криза со храна и енергија, може да доведе до одложување на спроведувањето на реформите потребни за поттикнување на потенцијалниот раст и консолидација на јавните финансии. Згора на тоа, намалената домашна и надворешна побарувачка, високи влезни трошоци и недостиг на ликвидност може да доведе до дополнителни отпуштања и зголемување сиромаштија, растегнување на веќе тесните јавни финансии. Конечно, заострувањето на финансиските услови може да влијае на опциите за финансирање и трошоците понатаму – се вели во извештајот на Светска Банка



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 03:29