Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Реал Мадрид, Чаби Алонсо е назначен за нов тренер на Баер Леверкузен.

Бундеслигашот го отпушти Херардо Сеоане од местото главен тренер на тимот по вчерашниот пораз од Порто во Лигата на шампионите.

Четириесет и тригодишниот Швајцарец беше во клубот од јули 2021 година.

Новиот тренер на Леверкузен, 40-годишниот Шпанец е до крајот на јуни 2024 година.

Алонсо се повлече од фудбалот во 2017 година, по што работеше во академијата на Реал Мадрид и беше тренер на вториот тим на Реал Сосиедад.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 03:30