Следната влада на Италија ќе вклучува личности од висок профил кои можеби нема да бидат политичари од кариера, им порача денеска на членовите на нејзината партија Џорџа Мелони, која се очекува да биде именуван за премиер.

Партијата на Мелони „Браќата на Италија“ го предводеше десничарскиот блок до победа на општите избори минатиот месец, а во кој се и партиите Форца Италија и Лига, а преговорите меѓу сојузниците за клучните позиции во владата веќе започнаа

– Почетна точка за пополнување на министерските места се квалификациите, а ако тоа значи да се најдат најдобри кандидати надвор од парламентот, тоа сигурно нема да биде проблем, рече Мелони на партискиот состанок, прв по нејзината победа на изборите на 25 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 03:30