Во Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци денеска ќе се одржи дискусијата „Привремени места како културни простори – Културно заземање и трансформација на простори во Кавадарци“.

„Привремени места како културни простори“ е дводневен настан во Кавадарци, планиран преку серија активности кои вклучуваат изложби, филмска програма и дискурзивна програма со презентации и дискусии.

Покрај локални уметници и културни работници од Кавадарци, ќе бидат вклучени гости од Скопје и регионални гости од Косово, Словенија и Хрватска.

– Краткорочните и долгорочните цели на програмата се насочување на специфични визуелни и дискурзивни активности кон колку што е можно поразлични локални публики, продолжување на нашите разговори со претставници на локалната власт за долгорочно преземање на јавни простори, и, конечно, да поставиме еден успешен пример за слични можности во иднина, соопштија организаторите.

„Привремени места како културни простори“ се реализира со поддршка од Кооператива – регионалната платформа за култура преку нивната Рег.Лаб програма.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 09:26