Кристијан Бејл во интервју за „Џи-кју“ (GQ), објаснува како својата успешна филмска кариера му ја должи на Леонардо ди Каприо.

Имено, според неговите кажувања, неговата кариера тој ја изградил на улоги коишто Ди Каприо ги одбивал, бидејќи режисерите редовно прво оделе кај него, а потоа кај сите други глумци.

– Со мене не е исто… Види, денес е, но требаше да мине некое време. Секоја улога што ја добива одреден глумец, како да е улога што Ди Каприо ја одбил. Нема врска со тоа колку си добар со режисерот, секоја улога којашто јас ја толкував, му е понудена и нему, рече Бејл.

А, имало и повеќе други луѓе кои на Бејл му го кажале истото.

– Значи, ти благодарам, Лео! Тој буквално може да избере што да работи. И, тоа е добро за него, тој е одличен. Јас сум благодарен што добивам каква било улога и свесен сум дека не можам да се однесувам како што тој глуми. Не можев ни да живеам со славата со којашто тој живее, а го прави тоа на одличен начин, додаде оскаровецот од филмот „Борач“.

Бејл годинава е актуелен со филмовите „Амстердам“ и „Тор: Љубов и гром“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 09:45