Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија утрово го лишиле од слобода Ѓ.Ќ. (48) од гевгелиското село Стојаково.

Како што соопшти МВР, при преглед кај Ѓ.Ќ. и во возилото „застава југо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со херoин.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно расчистување и документирање на случајот против него, како што се наведува, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 12:26