Во Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани во Салон фоаје 1 денеска ќе биде отворена изложбата на делата од Лесновска ликовна колонија 2022.
-Оваа изложба е во склоп на проектот насловен „Преземање изложби 2022“ и е дел од годишната програма на установата за 2022ра година под целосно финансиско покровителство на Министерството за култура, информираат од Центарот за култура.
Изложбата е во целосна организација на Домот на културата – Пробиштип.