Казнети се 168 возачи вчера во спроведена засилена акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, информираа денеска од МВР, 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 10:45