Наградата „Даница Ручигај“ за 2022 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, ќе ја добие Вања Изова Велева за книгата „Место за бегство“. Ова го одлучи жири комисијата во состав: Васил Дрвошанов (претседател) и Ивица Челиковиќ и Зоран Пејковски (членови) едногласно одлучи

Стихозбирката на Вања Изова Велева содржи 30 песни поделени во три циклуси: Прво пројавување, Второ пројавување и Трето пројавување.

Поетската книга се надоврзува на книгите поезија: „Вентил на постоењето“ (1993), „Смртта на рибата“ (1995), „Зашиени грла“ (1997), „Правта не зборува“ (2002), „Плач во кутија“ (2007), „Бездна угоре“ (2010), „Позајмена прашина“ (2013), „Безмалку, избор“ (2016) и „Чекор по жица“ (2017). Освен тоа, таа е авторка на прозните записи: „Неколку легенди за Струма“ (2011) и „Жената и каменот“ (2013). Авторка е и на документарниот филм за Дојрана, а коавторка е на монографијата „Чекори по ѕвездените штици“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 10:58