Адвокатскиот тим на Бред Пит се огласи во врска со тврдењата дека глумецот физички ја нападнал поранешната сопруга Анџелина Џоли и нивните деца.

„Од првиот ден, тој сноси одговорност за своите постапки, но нема намера да признае нешто што не го направил. Тој е цел на бројни неосновани напади“, велат правниците.

Адвокатката Ен Кили, која исто така го застапува Пит, за „Ју-Ес викли“ (US Weekly) изјави:

– За среќа, сите луѓе кои Џоли се обиде да ги искористи за да му наштети на Пит изминативе шест години, се на страната на вистината. Тој ќе продолжи да се појавува редовно на суд.

За потсетување, Џоли поднесе тужба против нејзиниот поранешен сопруг и го обвини дека тој во пијана состојба ги нападнал неа и нивните деца за време на лет со приватен авион во 2016 година, кусо пред таа да побара развод.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 11:58