„Тик-ток“ има новина по примерот на „Инстаграм“. Станува збор за нов режим наречен „Фото мод“, којшто им овозможува на корисниците да споделуваат повеќе слики во една објава, а исто така, и дозволениот број букви и знаци е зголемен на 2.200.

Новите објави со фотографии, коишто ќе може да вклучуваат музика, ќе се појават во делот „For You Page“ на платформата. „Тик-ток“ соопшти дека се надеваат дека новостите ќе им овозможат на корисниците „да се изразат себеси подобро и подлабоко да се поврзат“ со другите луѓе.

Фактот дека „Тик-ток“ сега „ја копира“ оригиналната функција на „Инстаграм“ е особено занимлив бидејќи „Инстаграм“ се соочува со „Рилс“, комплет опции слични на „Тик-ток“ „Волстрит журнал“ неодамна објави дека „Тик-ток“ е далеку пред „Рилс“ во дневната посетеност.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 12:30