Денеска во 14.15 часот на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(30) од с.Василево, струмичко.

Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба од Основен суд Струмица за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 15:17