На Државниот филмски фестивал на непрофесионален филм што се одржува во Валандово, режисерот Глигор Кондовски од Тетово доби Златна плакета за режија и Гран при за документарен филм.

Наградата е за документарниот филм „Белешка“ со времетраење од седум минути, во кој единствен актер е Миќо Стојчевски.

-Темата на филмот е порзана со сите блиски луѓе кои ги изгубивме за време на пандемијата, а ги испративме недостоинствено без погреб и без последен поздрав. Филмот е избран да оди на Интернационалниот филмски фестивал УНИКА кој оваа година ќе се одржи во Италија, изјави режисерот Глигор Кондовски.

Државниот филмски фестивал на непрофесионален (аматерски) филм по 51-ви пат се одржува од 7 до 9 октомври во Валандово. Во тамошниот Дом на културата вчера се одржа официјалната проекција на наградени филмови. Организатори на фестивалот се Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2022 11:44