Денеска во 10.30 часот на ул.“Скупи“ од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје бил лишен од слобода Б.Џ.(35) од Скопје.
Тој се барал по распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од една година, за сторено кривично дело “кражба“ по чл.235 од КЗ на РМ.
Б.Џ. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.